Марина е новата сопруга на Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски, повторно ќе стане татко. Неговата сопруга е бремена, а тој објави фотографии на социјалните мрежи. За Велигден кажа и дека сопругата се вика Марина и сподели фотографии од велигденскиот амбиент во нивниот дом.

Пејачот исто така неодамна сподели колку е среќен за бебето кое треба да се роди.

„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Го чекаме нашето мало момче“, напиша пејачот покрај фотографијата од неговата бремена сопруга.

Тој веќе го има синот Давид (6), со бившата сопруга Кристина Димитри . Кајмакоски живее во Белград со својата сопруга, чие име не го открива, а на почетокот на годината објави фотографии од венчавката.

 

Scroll to Top