Готвачот од популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Марк де Јонг, викендов со семејството го посети Отешево, а не го заобиколи ни пансионот „Преспав“, место што беше инспирација за истоимената хумористична хит-серија. Тој откри дека го искористил слободното време да побегне од градскиоте метеж и да одмори малку на чист воздух.
„Преспавме во ‘Преспав’. Убавина заборавена, чист воздух, здрава исхрана и добра услуга. Одлично сместување, газди со големо срце“, напиша Марк покрај сликите што ги сподели на „Фејсбук“.
Серијата „Преспав“ е една од најпопуларните серии кај нас. Неодамна заврши третата сезона, а актерите неколкупати јавно кажаа дека сакаат да се снима и нова, четврта сезона.