По неколкуте одлични кавер обработки, познатата пејачка Наташа Малинкова ја објави својата најнова песна со наслов „Еј Мама“, за која сними и видеоспот.
Станува збор за песна со модерни звуци, налик познатите светски хитови.
– „Еј мама“ е едно ново музичко искуство за мене, а верувам и за публиката која ќе има прилика да ме види сега во едно поинакво издание. Спотот во суштина е една кореографија, односно танц кој одлично кореспондира со самиот текст во песната благодарение на Ивана Балабанова и „Битрикс“. Напорно вежбавме да го постигнеме овој ефект. Нов звук , модерен аранжман и урбана тема, така обработена и во видеото. Се надевам ќе ви се допадне – вели Наташа.
Како автор на новата нумера комплетно се потпишува Столе Аврамов со кого Малинкова работи веќе десет години.