Ме врати со автомобил и ми рече „а бе ти имаш ли намера да ме гушнеш некогаш“ – Игор и Илина една година во љубов

Актерот Игор Џамбазов и алпинистката Илина  Арсова прославија една година од љубовната врска. За тоа како почнала љубовата, Џамбазов  вели: „Лани, на овој ден, по две недели дружење и запознавање, ме врати со автомобил до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти имаш ли намера да ме гушнеш некогаш?” Излеговме од „ланусот” и… ја гушнав. Гушката сè уште трае“, раскажа за почетокот на љубовта Игор.

Откако во јавноста се појавија заедно, тие постојано го привлекуваат вниманието. Цело  време споделуваат фотографии или видеа од приватноста. Интересни беа фотките од запознавањето на родителите на Илина со Игор, па и тоа кога таа се запозна маестро Александар Џамбазов.

Пред да ја почната љубовта Игор за „Репортер“ изјави дека ги сака жените, ама не може да ги трпи повеќе од пет минти, ама неколку месеци по изјавата ја почна љубовта со Арсова.

Scroll to Top