Бакнеж за кој се зборува меѓу режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кои со документарецот „Медена земја“ се номинирани за два Оскари. Тие двајца се во љубовна врска, а фотографијата направена на оскаровсскиот ручек стана една од најпопуларните.
Екипата на македонскиот докумен филм „Медена земја“ пред некој ден се дружеше со холивудските ѕвезди во театарот „Долби“ во Лос Анџелес на традиционалниот ручек кој Академијата за филм го организира во чест на номинираните за „оскарите“. На забавата македонската екипа се дружеше со Ал Пачино и Роберт де Ниро, но и со режисерот Квентин Тарантино и Бред Пит.
За првпат во историјата на македонската кинематографија филмска екипа од Македонија ќе очекува два Оскари. „Медена земја“ доби две номинации, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.