Медените подготвени за оскарите

Тамара Котевска, Атанас Георгиев, Љубо Стефанов, Атиџе Муратова, екипата на „Медена земја“ е подготвена за свеченото доделување на Оскарите, кои по 92. пат ќе се одржат во Холивуд. Цела екипа, освен Тамара, носи креации на „Кокев“.

Преносот од црвениот килим од пред театарот Долби ќе почне половина час по полноќ по средноевропско време, а церемонијата почнува во два часот по полноќ.

„Медена земја“ испишува историја со двете номинации за Оскар, за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Scroll to Top