Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ и манекенката Александра Накова минатиот викенд се дружеа на плажа во Грција. Тие го искористија времето освен за сончање да направат и неколку заеднички фотографии на кои во преден план се нивните гради.
Фотките од плажа потоа двете ги ставија на своите инстаграм-профили, па добија бројни комплименти од следбениците. Тие ги нарекоа „бомби“ и „авиони“. И Мелита и Накова меѓусебе си разменија пораки, си пишаа дека се „сестри од друга мајка“.
Мелита и Александра се дружат одамна и секојпат кога се заедно споделуваат фотографии.