Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вчера попладне имал сообраќајна несреќа. Тој излетал од патот со возилото во кое се возел на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром. Сè уште нема објаснување што точно се случило и како излетало возилото на Тачи, кое го возлео друг возач. Тачи е добар и добил мали повреди на нозете. Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне кога лидерот на ДПА се враќал од посетата на Тирана, каде што се сретна со претседателот на Албанија, Илир Мета.