Ми најдоа тумор на главата, ме чека операција, но знам дека ќе издржам, објави инфлуенсерката Александра Шијаковска

Александра Шијакоска, позната инфуленсерка , девојката која ги прави најкреативните модни комбинации и ги  инспирира  девојките ширум земјава, објави дека и  откриле тумор на главата.

„Сѐ се случува со причина и никогаш не треба да се сомневате во одлуките и изборите кои ги направил Господ за вас. Дури ни во најлошите кошмари, никогаш не замислував дека еве ќе дојде до оваа точка, но. Ми открија тумор на главата и ме чека операција, која е покомплексна во однос на тоа каде е поставен туморот и колку е тешко да се извади. Дали се плашам? Не. Дали ми е тешко? Многу, вели Александра.

Меѓудругото, во видеото таа побара поддршка па и препорака за доктор , неврохирург, кој што би можел да ги види нејзините резултати . „Се гледаме по операцијата со Господ напред“, вели Александра.

Scroll to Top