Миа Костова неодамна се врати на ТВ екраните повторно како водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“. Откако објави неколку слики со нејзиниот колега Миро, нејзините обожаватели и медиумите почнаа да зборуваат дека се во љубовна врска.
„Зошто не признаеш дека Миро ти е дечко, колега, па колега? и пишуваат обожавателите. Таа пек вели: „Сликава беше дел од кампањата со која си привлековме внимание. Миро засекогаш ќе остане мој колега“, вели Миа, за колегата од емисијата.