Мија Стерјовска е кралица на убавината на Евроазија

Македонскиот модел Мија Стерјовска (18) ја освои титулата Кралица на убавината на изборот што се одржа во Истанбул, Турција. Мија, која е член на модното студио „Црнокрак“, ја доби наградата најубава меѓу 30 кандидатки од триесет држави од Евроазија.

„Освен Мија, уште една членка на Модното студио Црнокрак успеа да освои титула, и тоа главната, победничка на изборот. Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од Будимпешта, Унгарија, со која соработуваме речиси 8 години. Со тоа го продолживме успешниот низ на освоени интернационални титули, вкупно 15 оваа година што ги освоивме со девојките и момците од Модното студио“, вели Мики Црнокрак.

Тој најави и дека до крајот на годинава следат уште неколку избори ширум целиот свет на кој ќе учествуваат моделите на Црнокрак.

Изборот Кралица на Евроазија се одржа во Маскарада, еден од најдобрите клубови во Истанбул и цела Турција.

Scroll to Top