Мијата на Исланд слави 15 години брак

Пејачката Мијата и нејзиниот сопруг Златко Крстевски се на патување во Исланд од каде објавија заедничка фотографија со која го прославуваат 15 години заеднички живот.

„Местото каде што се бакнуваат Северна Америка и Европа нека биде денеска во знакот на нашите 15 години љубов, 15 години волшепства, 15 години семејство. Те сакам неизмерно господине Крстевски!“, напиша Мијата на Фејсбук.

Таа во интервју за „Репортер“ зборуваше дека се запознале по музичкото шоу „Идол“ каде настапуваше Мијата. Додека патувала на настап во Прилеп заедно во автомобил била со Златко, како што раскажа за Репортер и биле потребни неколку месеци да сфати дека тој е вистинскиот.

 

Scroll to Top