Мијата најави концертна промоција на новиот албум во Куршумли-Ан

Пејачката Мијата ќе одржи концерт во Куршумли-Ан со што ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“. Концертот на Мијата ќе биде в среда на 28. јуни во рамките на Скопско Лето 2023.

Непосредно пред концертот на истата локација ќе биде и промоцијата за албумот. Мијата ќеја придружуваат Валентино Скендеровски на клавијатури, Кире Мирчовски на акустична/електрична гитара, Горан Гешовски на бас гитара, Ратко Даутовски на перкусии, Иво Митковски на тапани, Мартина Нанеска, Елена Васова и Дино Хриџиќ придружни вокали.

Како гости на процијата и концертот најавени се Теда, Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски.

Билети на влез ќе бидат по цена од 300 денари.

Scroll to Top