Мики Јовановски Џафер ќе ја добие наградата за трајни музички вредности, соопштија од тимот на „Златна бубамара на популарноста“.
„Во очекување на најновото издание на манифестација ‘Златна бубамара на популарноста’ сценариото се чува во најстрога тајност. Но, откако се одадовме на лажење, крадење и неверства, на овогодишното 22. издание со наградата за трајни музички вредности ќе ја добие поп-рок пејач Мики Јовановски-Џафер“, велат од тимот. Оваа престижна награда е потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави за љубителите на поп и рок-музиката. „Лага и измама“,„Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, и „Сонце за три света “, се дел од песните кои ги отпеа Џафер.