Министрице Стефоска и да ве боли вистината се гледаме на суд: Нора Шаќири не ѝ остана должна на министерката за култура откако таа ја разреши од директор и Магдалена Ризова

Откако министерката во заминување Ирена Стефоска ја разреши и Магдалена Ризова Черних од местото в.д. директор на Театар Комедија, беше доволна причина да се потсети јавноста на ситуацијата со Нора Шакири Марковиќ, која исто така беше разрешена од министерката за култура.

Ризова пред неполни два месеца дојде на местото на Нора и покрај негодувањата на вработените во Театарот и желбата Шаќири Марковиќ да остане д.д директор.

Сега Нора јавно ѝ се обрати на Стефоска. „Министарице Стефоска да знаев дека толку многу ќе ве боли вистината порано ќе ви се обратев, ама ај ви текна на крај дека не лажевте. Денешново разрешување на Ризова од позицијата в.д. на Театар Комедија не ве амнестира од претходно стореното, ама ај ќе ви прогледам малку низ прсти. И да ако некогаш се вратите да министерувате научете да прашувате, гледајте ги сите страни, слушајте и бидете чесна и искрена во одлуките. Театар Комедија од денеска има нов в.д. директор, Дарко Спасов, кој нема фејсбук. Ирена ние се гледаме на суд“, рече Нора.

За потсетување, Нора пред два месеци беше сменета од директорското место на Театар Комедија, по анонимна пријава за мобинг кој ја поднел еден од вработените во театарот против кого Нора поднела дисциплинска постапка.

Таа кажа дека ќе бара одговори од заменик претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и министерката за култура Стефоска и побара извинување од сите кои ширеле невистини за неа и нејзиното работење во театарот.

Од вчера нејзиниот фејсбук е преполн со објави од колегите кои и дадоа поддршка за тоа дека била неправилно разрешена. Тие уште на почетокот ја подджаа и најавија бунт по одлуката за нејзино разрешување.

Ризова рече дека е разрешена од функцијата од непознати причини и дека е на боледување поради нејзината влошена здравствена состојба.

Scroll to Top