Диџејот и музичар Мирко Попов за 23 април најави музички концерт во Македонскиот културен центар. Заедно со момците од „ПМГ колектив“ ветија одлична забава.
Публиката ќе има можност да слушне и да се забавува со некои од најголемите хитови на бендот кој е повеќе од 20 години на музичката сцена. Концертот е закажан од 21 часот.