„Митан проект“ и Андријана Јаневска ќе имаат концерт во Битола

„Митан проект“ составен од најубавите македонски песни повторно ќе патува. На 22-ри април во Центарот за култура во Битола, Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери, врвните солисти Владимир Крстев и Александар Јовевски, Петар Димовски и Мите Димовски – Митан ќе одржат концерт пред битолчани.

„Како што во минатиот век, Митан чорбаџија од Битола, го започнал своето патување по светот, така и денес, приказната за убавата македонска песна својот пат сега концертно ја започнува од тука“, стои во најавата за концертот.

Најубавите “Македонски Рози”, приказните за љубовта, тагата, радоста, гордоста, Дафина, Елена и многу други ќе бидат раскажани од „Митанпрокет“, преку гласот на пејачката Андријана Јаневска.

Scroll to Top