Мизерии едни, имате ли мозок, пишувате одвратни коментари за некој што умрел: Реакции по грдите преписки за починатата Маја Миа

По објавата за смртта на мејкап-артистката и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, која беше пронајдена мртва во Африка, вчера на големо се пишуваше за неа. Маја била пронајдена со прострелна рана на главата, а случајот е пријавен како самоубиство. Но, по социјалните мрежи сешто се пишуваше за девојката. Грди коментари за веќе починатата девојка, за кои дури се чинеше неверојатно дека може некој да ги напише.

На ова луто реагираше Лила, која вели: „Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство! Имате ли сeмејства, роднини, колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој, за жал, веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па таа има и родители, семејство кое е во неверојатен шок….

Реагираше и Миа Костова, која вели: „Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.

Нема да ме мрзи, еднаш ќе соберам сè од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт, ќе ви направам едно видео од два часа да ви е незгодно леб да купите во продавница“.

За потсетување, инфлуенсерката од Охрид, Маја Миа, која беше најдена мртва, е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од десет години. За смртта објави и нејзиното момче на социјалните мрежи, танзанискиот музичар Оми Димпоз.

Scroll to Top