Младиот пејач Џокер инспириран од Хоакин Феникс ја објави новата песна „Такси“

Македонскиот пејач Џокер ја објави најновата песна и спот „Такси“. Песната е негова, а видеото го сними со режисерот Дарко Јовановски. Џокер рече дека инспирација му бил култниот филм „Џокер“ и глумецот Хоакин Феникс кој во 2019 година освои Оскар за оваа улога.

„Сигурен сум дека во песната ќе се пронајдат многумина и дека ќе и се допадне на публиката. Песната не е лична моја приказна, туку ја направив во склоп од секојдневни ситуации“, рече Џокер.

За „Такси“ рече дека е песна која е нешто ново и нетипично за македонската музичка сцена, а работи и на други песни кои наскоро ќе ги објави.

Scroll to Top