Многу сопки, лажни пријатели, ајкули, сè издржавме во овие 20 години брак: Андреј и Панчо за тинејџерскиот сон ДНК

Ако кога почнале да пејат знаеле дека треба да минат низ трнлив пат, тродупло вложување труд, докажување за да заслужат респект и почит од медиумите, колегите и публиката, немало да се одлучат ова да биде нивна примарна работа, велат Панчо и Андреј од ДНК за нивната музичка приказна која трае две децении.

Пред точно 20 години започна еден тинејџерски сон наречен ДНК, напишаа Андреј и Панчо по повод 20 години посетоење на македонската музичка сцена.

Панчо и Андреј раскажаа како започнала нивната приказна и дека воопшто не било лесно да се опстои цели 20 години.

„Тогаш бевме млади, полни со енергија и ентузијазам, но никогаш не верувавме дека може да издржиме во “брак” цели 20 години. Тогаш ниту приближно не бевме свесни колку е тешка оваа професија, иако нам ни изгледаше дека е едноставно како песна. Премногу сопки, неправди, хејтери, лажни пријатели и аjкули кои по секоја цена сакаат да те бутнат и на некој начин да те омаловажат“, раскажаа Панчо и Андреј.

Доколку на почетоците знаеле дека ќе минат низ трнлив пат, тродупло вложување труд, докажување за да заслужат респект и почит од медиумите, колегите и публиката, немало да се одлучат ова да биде нивна примарна работа.

„До ден денес се докажуваме, но сега веќе пред самите себе и единствено пред публиката која од секогаш сме ја сметале за главен, реален и безгрешен критичар. Од оваа перспектива гледано наназад, можеби и затоа се уште сме тука и се уште сме активни на нашата (каква таква) поп сцена. Најбитно од се е дека навечер мирно спиеме бидејќи се што сме направиле е направено исклучиво од нас самите без никаква поддршка од родителите (не биле во состојба да ни помигнат финансиски), менаџери или богати пријатели. Целиот досегашен успех го должиме на Вас, публиката која безрезервно не подржувате низ сиве овие години и на нашиот трет член, скромното дете кое доаѓа од Тетово, Лазар Цветкоски на кој сме му толку многу должни што уште два пати да се родиме нема да може да му се оддолжиме“, напушаа од ДНК.

Во интервју за Репортер раскажаа многу повеќе за нив двајца како индивидуи, но и за тоа како заедно функционираат толку години.

Андреј за себе вели дека е смирен, а Панчо е бунтовникот што секогаш гласно кажува што мисли. „Слични сме карактерно, ама и се разликуваме и, најверојатно, тоа нè држи заедно сите овие години. Андреј многупати го ‘јадел’ поради мене, ама знае дека работите не ги правам за внимание и собирање поени“, вели е Панчо во муабетот за „Репортер“.

Scroll to Top