Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири, денес го искористи убавото време да се дружи со неговите две ќерки Лина и Канита, кои го доби од првиот брак.
Тој ги однесе на ручек, а заедничката фотографија ја објави на „Фејсбук“.
Зекири пред неколку месеци стана татко нa ќерката Далиа Нани, со новинарката и поранешна директорка на Алсат телевизија, Бисера Јордановска.
Двојката се венчаше во ноември минатата година, а кум на свадбата беше премиерот Зоран Заев.