„Музика и Вино“ со „Харизма Бенд“ и Ивана Наумова

Со голем број свадбарски песни и безвременски кафански хитови, членовите на „Харизма Бенд“, заедно со пејачката Ивана Наумова го промовираа најновиот проект „Музика и Вино”.

Тие велат дека промоцијата ја направиле во вистински момент, за време на празниците кога музиката е составен дел од секој дом. Веруваат дека публиката ќе ја препознае нивната музиката и заедно со неа ќе уживаат во овие празнични денови.

„Ние веруваме дека музиката може да го подобри вкусот на виното, а исто така и виното може да го подобри звукот на музиката, па затоа нашиот најнов проект го насловивме „Музика и Вино“. Проектот го изработивме со многу љубов. Се надеваме дека луѓето ќе ја препознаат нашата енергија и дека овој проект ќе стане дел од семејните прослави и ветуваме дека ќе уживаат гледајќи и слушајќи ги овие внимателно одбрани песни”, велат од Харизма Бенд

Scroll to Top