На 38 години почина познатиот скопски бербер Џеваир Јакупи Џеки

На 38-годишна возраст почина еден од најпознатите скопски бербери Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на берберскиот салон „Џеки Јанг“ во ТЦ Зебра.

Веста за смртта на скопскиот бербер се прошири на социјалните мрежи, каде муштериите на Џеки и негови блиски пријатели се простуваат од него со сеќавања и фотографии.

Познатиот бербер зад себе имал 25-годишно искуство во овој занает и беше еден од омилените на скопјани.

Помеѓу муштериите кај Џеки беа и Кире Лазаров, Дејан Манасков, Даниел Кајмакоски, Тошо Малерот, актерот Дритон Вејсели.

 

 

 

Scroll to Top