На љубов со Владо Јаневски за 8 март

Поп-пејачот Владо Јаневски на 8 март ќе има настап во скопското кафуле „Интермецо“. Најпознатите љубовни балади, сите популарни хитови на чаирскиот романтичар и новата песна „Недостасуваш“, на едно место. Настапот на Владо за денот на жената ќе почне во 20 часот, а влезниците чинат 300 денари.

„Настапот на Владо е дел од серијалот најавени камерни концерти. Тие стануваат наш заштитен знак и се дел од богатата музичка програма која ја одбираме и подготвуваме со големо внимание“, велат организаторите.

За потсетување, Јаневски, кој лани одбележа 25 години кариера, неодамна ја промовираше песната „Недостасуваш“. Тој за оваа песна сними и спот што ќе го промовира наскоро.

Scroll to Top