На Никола Димитров му падна паричето, рече: Мислете му ја!

By

По вчерашната изјава дека нема доверба во тимот што ги води преговорите со Софија и се прости од владината функција, денес вицепремиерот Никола Димитров, расположен, се пофали дека му паднала паричката за Василица. Објави и фото од трпезата и напиша: Ми падна паричето! Мислете му ја!

dobivaj vesti na viber

За потсетување, вчера Димитров рече дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи, Бујар Османи, велејќи: Во однос на ова прашање има едно чувство дека таму има еден „драјв“ за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. За мандатарот Димитар Ковачевски, Димитров оцени дека не се разбира во надворешна политика, па му го понудил амбасадорското место во Вашингтон и тврди дека тоа е потег за да го тргнат на страна иако тој смета дека местото му е во Македонија.

Ќе ви се допадне