Нов скандал ја тресе македонската естрада, пукна тиквата помеѓу довчерашните најдобри пријатели, мега популарното дуо „ДНК“ и сопственикот на продукцијата „Горила“, Васко Павлевски.
Имено, преку својот Фејсбук профил Панчо од дуото „ДНК“ одлучи да си ја отвори душата и да каже за проблемот со кој во последно време се соочува. Довчерашните најдобри пријатели поради наводно не исплаќање на заработени хонорари станаа „смртни“ непријатели.
– Има еден лик кој важи за “менаџер” на Македонскава естрада (каква е таква е) се вика Васко Павлевски од Битола, а на прекар го викаат Васко Жолтио – вака Панчо ја започнува приказната за измамата.
Продолжува со информации околу организацијата на големиот солистички концерт на „ДНК“ кој го одржаа на 12-т мај оваа година во Скопје. Панчо за Васко вели дека е измамник, но и навестува за наводна измама и на други свои колеги од музичката естрада.
На крајот од текстот Панчо во име на „ДНК“ јавно се оградува од секаква поврзаност со именуваната продукција и најавува дека повеќе нема да соработуваат.
Секоја приказна има две страни, очекуваме наскоро да ја слушнеме и другата страна. До објавување на оваа информација, нема јавен одговор од призиваната продукција и нејзиниот сопственик.