Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на ракометното Европското првенство кое ќе се игра во недела во 16.30 часот.
Одлуката најдобрата судиска двојки во Европа, да го суди финалето ја потврдија од ЕХФ. Начевски и Николов изминатите сезони судеа на сите големи репрезентативни натпреварувања и ракометната Лига на шампиони, но за нив ова ќе биде прво големо финале.
Досега имаат судено едно финале, на Светско првенство за младинци, но ова ќе им биде прво во сениорска конкуренција. Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио.
За потсетување македонската ракометна селекција уште по првата фаза од ЕП 2020 во ракомет ги заврши настапите.