Надал по победата над Ѓоковиќ: Ова беше магична ноќ за мене

Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ во  четвртфинален дуел кој  траеше четири часа и заврши 75 минути по полноќ. Надал на Ролан Гарос славеше со 6:2, 4:6, 6:2, 7:6 , а неговиот следен противник е Александер Зверев.

 „Да се победи Новак овде има само еден начин: да играш најдобро од првиот до последниот поен. Ова беше една од оние магични ноќи за мене“, рече Надал. 

Надал покажа зошто е голем шампион. Нема сомнеж дека ја заслужи победата, беше подобриот играч во важните моменти“, кажа Ѓоковиќ по натпреварот.

Надал ќе наполни 36 години оваа недела, а пред само три дена одигра пет сета против Феликс Ожер-Алијасим. Поради повреди на реброто, тој па пропушти два месеца од сезоната откако го освои Австралија опен во јануари.

Фото : AFP

Scroll to Top