Најдобрите македонски танчери играа хипхоп и брејкденс кај Пендаровски

Најдобрите македонски танчери во хипхоп, брејкденс и латино танци вчера беа кај претстедателот Стево Пендаровски. Младите танчери од студиото „Брејк а лег“ му дојдоа на гости во вилата Водно, а во холот изведоа некои од нивните кореографии.

Посетата ја направија пред двата големи танчерски настапи кои треба да се случат годинава во Македонија, а во кои ќе учествуваат најуспешните танчери од Европа и целиот свет.

„Најдобрите европски танчери во хипхоп и брејкденс и најдобрите светски танчери во латино танци ќе се претстават годинава во нашата земја. Двата големи танчерски настани ги обединуваат најуспешните танчери овозможувајќи им да разменат искуства, да ги усовршат своите вештини, дружба и културна размена. Верувам дека ќе бидеме одлични домаќини и ќе ја претставиме земјава во најдобро можно светло“, рече Пендаровски.

Scroll to Top