Наместо свадба, Лозано раскина со Савка

Влатко Лозановски и неговата девојка Савка, ја раскинале долгогодишната врска. Се зборува дека Савка, со која популарниот пејач беше девет години во врска, пред извесно време се отселила од станот во Скопје, каде живееја заедно. Влатко ја потврди веста за раскинувањето со Савка. Тој   на почетокот на јули во интервју за „Репортер“ изјави дека наскоро планира да се жени и дека на Савка ќе и препушти да одбере со кој свадбен танц ќе ја отворат свадбата. Сепак, деновиве на големо се зборува дека двојката ја прекинала врската. И нивните блиски пријатели велат дека се изненадени од нивната одлука.

Лозано и Савка се запознале за време на едно модно шоу, а потоа тој ја поканил да му гостува во спот. Љубовта се родила за време на снимањето на спотот ,,Обичен без тебе’’ .

Scroll to Top