Наскоро биографија за Дарко Панчев, спортскиот новинар Зоран Михајлов пишува за успесите на најдобриот македонски фудбалер

Спортскиот новинар и коментатор Зоран Михајлов напиша биографијата за Дарко Панчев. Книгата ќе искочи наскоро, а е најавена денес на 7 септември, на роденденот на еден од најславните и најуспешни македонски фудбалери.

Љубителите на фудбалот ќе можат да прочитаат за најубавите моменти во кариерата на Панчев. За времето кога беше фудбалер на „Вардар“, а потоа и за игрите во српските и хрватските клубови, „Црвена звезда“, „Партизан“ и „Динамо Загреб“ и „Хајдук“.

Панчев е познат по прекарот Кобра, поради големиот број голови. Во сезоната 86/87 го освои трофејот во првата македонска лига. Кариерата ќе ја продолжи во клубот од Белград „Црвена звезда“ каде го достигна зенитот во кариерата.

„Црвена звезда“ го освои шампионскиот европски пехар и благодарение на победничкиот погодок на Панчев во изведувањето на пенали против Олимпик Марсеј. Панчев ја освои и Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.

Потоа потпиша за италијанскиот клуб Интер од Милано. Играше и за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја заврши кариерата. Луѓето се сеќаваат и на неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, на која беше првиот капитен. Панчев е прогласен и за Фудбалер на векот во Македонија.

Scroll to Top