Набргу ќе се повлечам од „Утринската“: Цеце од „Телма“ брои ситно до породувањето

Водителката на „Утринска на Телма“,  Цеце Тодосовска објави декла е бремена. Таа го очекува своето второ дете, а веста ја сподели на социјалните мрежи.  Водителката е во осмиот месец од бременоста и брои ситно до породувањето. Вели дека се радува затоа што ќе пристигне нов член во семејството. На прашањето како се чуствива, Цеце открива дека оваа бременост и е многу поразлична и полесна од предходната.

„Супер се чуствувам. Секојдневно одам на работа и успешно се справувам со предизвикот на Утринската емисја плус се по дома. Монгу помош имаме од бабите и дедовците за што сум бескрајно благодарна. Инаку оваа бременост ми е целосно различна од првата. Лесно беше се до сега, па се надевам дека така ќе биде до самиот крај. Иако, искрена да бидам, веќе ми стануваат сите обврски се потешки, па затоа наскоро ќе се повлечам од Утринската“, ни открива Цеце за Репортер. 

Цеце и нејзиниот сопруг Столе го имаат синот Бодан кому пред некој ден му го прославија вториот роденден. Не е тајна дека Цеце и Столе се љубители на природата па не ретко објавуваат фотографии од нивните семејни прошетки, пешачења или обиколки со велосипед.
А. Георгиев
Scroll to Top