Наум Петрески бара убиство на СДСМ-овка кучкарка

Фолк-пејачот Наум Петрески на социјалните мрежи неконтролирано се расправеше со извесна Јаци Луна, нарекувајќи ја СДСМ-овка кучкарка, па дури и дека такви жени како неа треба да се убијат за да тргнат работите во државата.

Причина за расправијата се кучињата скитници, за кои, според  Луна, Наум јавно напишал дека треба да се убијат. По ова, пејачот, навреден оти јавно е прозван, ѝ напиша:

„Уште една СДСМ-овка кучкарка”, а потоа и додаде: „Да се убијат таквите како тебе Јаци Луна, можеби ќе има напредок во државата“.

Scroll to Top