Наум Петрески стана дедо, се породи ќерката Анастасија

Фолк-пејачката Анастасија Петреска, ќерката на Наум Петрески, денеска роди машко дете. Веста за раѓањето на бебето ја изненади јавноста бидејќи ни Анастасија ни нејзиниот сопруг, пејачот Владимир Поповски, не откри дека чекаат бебе.

„Ти благодарам, љубов моја. Џиџе си доби братче“, напиша пејачот на групата „Биоритам“ на „Фејсбук“ и кажа дека има син.

Ова им е второ дете на двајцата музичари, кои ја имаат ќерката Андреа. Тие се венчаа во 2019 година.

 

Scroll to Top