Наум раскажа за драмата на бродот во невремето кај Сиднеј

Откако вчера некои медиуми објавија дека фолк-пејачот Наум Петрески исчезнал во океанот по силното невреме близу Сиднеј, а потоа беше најден жив и здрав, редакцијата на “Репортер“ го контакритраше Наум, за да ни раскаже што навистина се случило.

„ Отидовме дента со пријателите на риболов. Иако имаше најава за невреме, сепак решивме да тргнеме, затоа што тогаш беше убаво и сончево времето . Сепак, по некое време, откако уловивме нешто риба, фати невремето и брановите во океанот. Нам ни откажа хидрауликата. И мораше да се интервенира. Сепак, заради невремето се изгуби мрежата на мобилните телефони и така настана всушност паниката, оти нашите блиски не можеа да стапат во контакт со нас“, изјави Наум Петревски.

Многи повеќе се исплашиле нивните блиски овде, во Македонија, кога првично ја прочитале веста за исчезнувањето.

„Откако се среди проблемот со хидрауликата, и се стиша неверемто,а ние добивме мрежа, секако дека си продолживме си риболовот. Веќе се спремаме со Зуица и за следниот концерт, кој е закажан за 23 јуни“, додава фолк-пејачот.

Петревски неодамна замина на турнеја во Австралија, каде е заедно со сопругата Зуица Лазова и неколку музичари од Македонија.

А.Георгиев

Scroll to Top