Наум, Сузе, Гавазова растурија во Кочани, „Фолк вечерта на популарноста“ ги собра на едно место најдобрите македонски фолк пејачи

Вчеравечер Кочани беше во знак на фолк музиката. Првото издание на „Фолк вечерта на популарноста“ ги собра на едно место најдобрите македонски фолк пејачи на кои им беа доделени наградите златни статуети како оддавање на признание и почит за нивното творештво.

Сузана Спасовска, Ленче и Горан Кукиќ, Сузана Гавазова, Јордан Митев, Наум Петрески, Анета Молика, Стојне Николов се погрижија за публиката се забавува во текот на целата вечер. Дел од нив се вратија со златни статуетки, а три од од вкупно петте вакви награди заминаа за Кичево.

Нарадите ги делеа Благоја Грујовски, кој беше еден од организаторите, заедно со Ирена Спировска. Манифестацијата започна со оро од маестро Милан Завков, на кому постухмно му е доделена наградата за животно дело. Ја додели композиторот Томислав Которчевиќ, а во негова чест засвире хармоникашот Сашо Велков.

За животно дело награди добија уште двајца доајени на македонската фолк музика, Наум Петрески и Сузана Спасовска кои прославија и јубилеј 35 години кариера. На сцената излезе и Сузанана Гавазова која за наградата им се заблагодари на публиката, соработниците и семејството.

„Голема благодарност на мојата публика што ме поддржува сиве овие години, што ја слушаат мојата музика и мојата песна. Благодарност и до сите мои соработници, композитори, аранжери, текстописци и колеги музичари што секогаш го реализираме тоа што сум го смислила, без вас нема да сум тоа што сум денес. Благодарност и до моето семејство што ми даваат максимална поддршка и што ме бодрат за да продолжам да работам и да мислам на нови песни и нови проекти“, рече Гавазова.

Меѓу наградените беа и Јордан Митев, дуото Ленче и Горан Кукиќ кои долги години се заедно на сцената и Цаки од групите „Кисми“, „Круна“ и „Енерџи бенд“.

Наградите ги доделуваа голем број познати музички личности, меѓу кои авторот Григор Копров, музичарите Горјан Стојановски, Борче Нечовски, Бобан Мојсовски, авторот Орце Зафировски и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

На крајот од манифестацијата, Благоја Грујовски и Ирена Спировска ветија дека оваа вечер ќе прерасне во традиција.

Scroll to Top