Навивачите на Динамо се збогуваа со Адеми и му приредија спектакл на последниот натпревар

Македонскиот фудбалер Аријан Адеми против Ријека го одигра последниот натпревар за Динамо Загреб. Адеми се збогува со навивачите на стадионот Максимир, кои му приредија специјална кореографија во чест на неговото заминување. Го извикуваа неговото име и го споредуваа со Супермен.

„Мислам дека дојде време за разделба. Не сакам ниту еднаш на себе да го ставам грбот на Динамо ако не можам да го дадам најдоброто од себе и да го дадам максимумот. Тоа не е фер кон навивачите и кон дресот на Динамо“, рече Адеми кој првиот и последен натпревар во Динамо го одигра со Ријека.

Од клубот во кој освои најголем број трофеи ќе си замине како легенда, а кариерата ќе ја продолжи во Кина. Од него се прости и шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, кој денес игра за германскиот клуб Лајпциг. Двајцата играа за Динамо, а Олмо сподели и стори од неговото последното испраќање.

За потсетување, Адеми си заминува од Динамо како легенда на клубот и негов најтрофеен фудбалер. За Динамо играше на 373 натпрвари и е втор фудбалер со најмногу настапи. Исто така е и најтрофеен играч, со вкупно 20 титули  во ХНЛ-лигата, шест во Купот на Хрватска и три Суперкупа.

Кариерата ќе ја продолжи во Кина, во клубот  Пекинг Гуан.

Scroll to Top