Не барајте ме ако ви го блокираат автомобилот, вели новиот директор на „Паркинг“

Новиот директор на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на својот фејсбук-профил испрати порака дека нема кај него врски и на сите им рече да не му се јавуваат ако автомбилот им е блокиран или ако им го крене „пајак“.

„Пријатели, роднини, колеги и познајници, барајте ме за кафе или за дружење во секое време по работните обврски. Ве молам да не ми се јавувате доколку вашиот автомобил биде блокиран со шепа или кренат од ‘пајакот’. Правилата и законите треба да важат еднакво за сите, а особено за оние што ми се блиски, тоа е она што ќе ви го кажам доколку побарате протекција. Јавно ги повикувам вработените во ЈП ‘Градски паркинг’ дека треба да стават шепа и на мојот автомобил доколку немам пратено СМС-порака“, напиша тој.

Христовски вети дека професионално ќе работи на решавање на хаосот со паркирањето во Скопје. Тој досега беше вработен во МВР откога не добил безбедносен сертификат од УБК да се префрли во новоформираната Агенција за национална безбедност.

Scroll to Top