Македонскиот пејач Огнен Здравковски, кој настапува и годинава во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, на својот инстаграм-профил се пожали дека добива „ретардирани прашања од фановите“.
Тој објави објави едно од нив врзано за српската пејачка Јелена Карлеуша, која е дел од жирито, и рече дека вакви прашања добивал сè почесто од следбениците на Инстаграм.
Пејачот, публиката го запозна во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Тој настапуваше лани, а и годинава доби покана за учество од продуцентската куќа.