Министерката за финансии Нина Ангеловска, заедно со гувернерката на Народна банка Анита Бежовска, од трибините во Виена ги бодреа македонските ракометари на Европското првенство. И покрај елиминацијата на Македонија од ЕП, за Ангеловска ракометарите се херои. Таа напиша дека сите заедно треба да им дадеме силна поддршка и секогаш да бидеме со нив и во победите и во поразите. Таа објави и заедничка фотографија од трибините со македонското знаме.
„Нема лесен пораз, особено кога притисокот и очекувањата се на високо ниво. Респект за играта и заслужената победа на противникот. Што е следно е јасно. Многу повеќе работа и труд! Ми беше чест да ги бодриме нашите великани. Во победа и во пораз секогаш тука за вас“, напиша Ангеловска на Фејсбук.