Необјавената божикна песна „Песна за нас“, во изведба на Влатко Илиевски и хорот на „Златно славејче“, од денес во етерот во пресрет на новогодишните и божикните празници.
Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото на Александар Митевски.
За потсетување, Влатко Илиевски почина летото пред две години кога беше пронајден мртов во својот автомобил во населбата Аеродром.