Невработената Маргарита Томовска: Неделно трошам пет илјади евра оти дечкото ме сака

Македонката Маргарита Томовска, која живее во Австралија и позната е во австралиската јавност како Мерцедес Maма, откако учествуваше во полициска потера со нејзиното бебе на задното седиште. Таа сега ги изненади своите фанови на Инстаграм кога откри дека е невработена, пренесува The Sun. Невработената Маргарита секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, покажувајќи го нејзиниот луксузен живот и се фали со скапи автомобили и дизајнерска облека. Кога ја прашале како може да си дозволи таков живот ако не заработува, им го покажала банкарскиот извод на кој има околу 600.000 евра.

https://www.instagram.com/p/B9lC_4jAxDk/

Таа призна дека трошела само за облека околу 5.000 евра неделно и ја финансира нејзиното момче, но кажа и дека тој не е ,,сладок дедо” како што мислат сите, туку е и помлад од неа.

„Немам потреба да работам“, рече таа. И додава: „Девојките се змии и ќе се обидат да бидат со него само за да го имаат мојот живот. Ова ми се случило трипати”, признава таа за британскиот таблоид.

https://www.instagram.com/p/B2MBgm3g5sA/

Томовска помина четири месеци во затвор за учество во споменатата полициска потера во која бегала со 230 км/час од полицијата , додека на задното седиште била нејзината тригодишна ќерка, и откри дека сега пишува книга за своето искуство во ќелијата.

Scroll to Top