Популарниот македонски пејач, Александар Тарабунов секое свое слободно време го користи за да ужива со пријателите во прекрасниот Охрид.
Имено, фолк ѕвездата Лепа Брена во саботата (29-ти јули) на плажата „Градиште“ одржа спектакуларен концерт, а нашиот пејач не ја пропушти приликата и дојде да ужива во музиката на колешката.
Она што никој од неговите фанови не го очекуваше е токму моментот во кој Тарабунов ги крена рацете во вис, почна да игра и направи одлична атмосфера за луѓето околу него, а сето тоа заврши на социјалните мрежи.
Како потсетување, неодамна Александар Тарабунов во Молдавија ја претставуваше Македонија на реномираниот фестивал „Budzak Sesleri“ и при неговото најавување гордо го крена нашето знаме.