Никола Ристановски избран за најдобар актер на театарски фестивал во Нови Сад

Македонскиот актер Никола Ристановски ја доби наградата за најдобар машки актер на театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ во Нови Сад. Наградата ја доби за улогата на д-р Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ на Македонскиот народен театар.

Со оваа претстава на 1 септември МНТ го отвори деветтиот театарски фестивал во Нови Сад. Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Никола Ристановски веќе 30 години има успешна кариера во Македонија, но и во регионот. Во овој период тој играл голем број театарски, филмски и телевизиски улоги и важи за најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

Scroll to Top