Иако денес требаше да има забава после работа со фолк пејачката Сани Гроздановска, која беше најавено дека ќе пее во еден од најпопуларните скопските локали, „афтерворк парти“ се откажаува. Причината се новите 52 зарзаени од коронавирус, бројка која денес беше соопштена на пресот на минстерот за здравство Венко Филипче
. „Жална вест, забавата се откажува“, напиша Сани .
Таа завчера за „Репортер“ ни раскажа како дека за овој настап, била многу возбудена, по паузата од три месеци.
„Едвај чекам пак да запеам. И едвај чекам да видам луѓе зашто три месеци не сум излезена. Знам и што ќе облечам, и маска дизајнирана имам. Не се плашам веќе од короната, но секако дека ќе бидам внимателна, оти вирусот сè уште е тука. Но, настапот е на летната тераса. И сè уште сум многу возбудена и не можам да поверувам дека е вистина. Се чуствувам како дете што ќе оди на екскурзија. Долго време го чекав ова и конечно ете ме, се враќам на настапите“, раскажа Сани за „Репортер“. Сепак, ништо од забвата, која веројатно ќе биде презакажана за друг ден.