„Нокаут“ со нов албум

Пере и „Нокаут“ најавија дека влегуваат во студио за да го довршат материјалот за новиот албум. Ова е четври албум на бендот, а тие веќе го најавија со новата песна „Кога ме сакаш ти“.

Годинава што измина беше значајна за популарната група, кои кон крајот на ноември имаа концерт во СРЦ „Кале“, кога славеа 20 години јубилеј од приот концерт. Бендот имаше настап и кон крајот на декември, во хотелот „Мариот“, каде гости на концертот беа Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Scroll to Top