Нора и Фатиме меѓу жените во Собранието

Нора Шакири, поранешната директорка на „Театар комедија“, и некогашната специјална обвинителка Фатиме Фетаи, дојдоа заедно на премиерата на претставата „Жени во собрание“. Фатиме и овој пат привлече внимание со стилот и црвениот кармин, кој ѝ е заштитен знак. Насмеани и добро расположени, двете дами уживаа во новата претстава на „Комедија“, а пред премиерата се дружеа со дел од актерите од театарот. 

„Жени во собрание“ имаше премиера на 28 јануари. Во главните улоги се шест актерки, Зорица Нушева, Ева Скендеровска, Наталија Теодосиева, Кристина Христова Николова, Благица Трпковска и Ангела Стојановска. Режисер на претставата е Ќендрим Ријани, сценограф Сергеј Светозарев, а кореографијата е на Олга Панго.

Scroll to Top