Нов рекорд и победа на Игор Иџе Стефановски во Шпанија: Македонија е мала земја, но оттаму доаѓа најголемиот

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе постави нов рекорд во својата конкуренција на ридско планинскиот шампионат на ФИА Европа. Тој на трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765.

Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок.

„Македонија е мала земја, но оттаму доаѓа најголемиот! – ИЏЕ победа и нов рекорд во Шпанија“, напиша македонскиот автомобилист на Фејсбук.

Scroll to Top