Нова војна на естрадата: Се скараа Панчо и Слаткар

Двајцата хип-хоп артисти, Панчо од „ДНК“ и Слаткар, вчера се скараа. Причината за кавгата е чија песна има повеќе преслушувања на Јутјуб, откако и едниот и другиот направија песна со ист наслов. На „ДНК“ е „Дијамант“, а новата песна на Слаткар е „Дијаманти“.

Откако Слаткар се пофалил колку прегледи има неговата „Дијаманти“, на социјалните мрежи, Панчо напиша дека „Дијаманти на ‘ДНК’ имаа ‘органски’ прегеледи, за разлика од онаа на Слаткар“. Па според ова излегува дека прегледите на песната на Слаткар се лажни.

На ова реагираше Марко Маринковиќ, кој во едно интервју изјави дека „Пачно не знаел да рапува и да пее и дека, греота е тие 100 евра што наводно ги земал за настап, да не ги земе некое дете што знае да пее“. Не го поштеди од јавни навреди, од тоа дека е „тип кој лаже и кој 20 години се влече на иста фора“.

На ова регираше Владимир Блажев-Панчо, кој јавно на својот фејсбук-профил му кажа што мисли.

„Дојде време да ти станам опсесија и многу те боли што полнам повеќе клубови и сали од тебе. Од тебе не сум барал услуга никогаш за разлика од тебе што лично ми се јавуваше. Не сум праќал мејлови по радија за да ми ги вртат песните за разлика од тебе нели. За разлика од тебе не сум заебал луѓе и разделил бендови. Слаткарче ја не дужам пари за разлика од тебе. Кога ќе изгубиш судски спор не се криј, плати ѝ на жената тоа што ѝ должиш биди мангуп“, е само дел од  она што му напиша Панчо.

Двајцата некогаш беа добри другари и пријатели, музички, до таму што Панчо беше на свадбата на Слаткар и Сања.

 

Scroll to Top