Новата песна на Владо Јаневски премиерно на „Бубамара радио“

Владо Јаневски сними нова песна „Ненормален“, која премиерно ќе се емитува утре на „Бубамара радио“. Аранжманот е на Никша Братош и Валентино Скендеровски, а Владо сними и спот на релација Скопје – Загреб.

Во спотот може да се види и чуе препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо, но со нов модерен призвук. Со песната тој го најави и новиот албум што ќе биде промовиран следниот месец во издание на „Кроација рекордс“.

 

Scroll to Top